Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Крсте Љондев

Роден е во с. Неокази (денес Неохораки), Леринско. По пристапувањето во ВМОРО бил назначен за реонски војвода во Леринско.

За време на Илинденското востание учествува со своја чета во родното село. По востанието е четник, а од 1905 година реонски војвода на ВМОРО. 

За време на Младотурскиот режим се легализирал и бил ориентиран кон Ј. Сандански и Народната федеративна партија. По 1910 година странува пак нелегален и учествува во обновувањето на ВМОРО.

Со своја чета учествува во Првата балканска војна и го помагал  напредокот кон Егејскиот дел на Македонија. По Втората балканска војна во 1913 година, тој е војвода на ВМОРО во Битолско. За време на Првата светска војна бил подофицер во Планинската дивизија, составена од Македонци, Албанци и Турци од западниот дел на Македонија.

По Првата светска војна се населил да живее во Битола. На 3 јули 1926 година во Битола бил убиен србоманскиот новинар на „Јужна ѕвезда“ Спасое Хаџипопов. Како главен организатор бил обвинет К.Љондев, како главен на ВМРО во Битола и дека работел на отцепувањето на „Јужна Србија“ од државата. Бил осуден и затворен, а по долги измачувања српските власти го убиле при обид за бегство во 1927 година.

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik